Неиграњето на Барди за Македонија ќе биде голем хендикеп, но Игор Ангеловски има избор за замени, кои ќе треба да го надополнат отсуството на одличниот креативен фудбалер за врска, а како и досега тимски ќе треба да се надомести недостатокот на Барди. Фудбалерот на Леванте, кој ја пропушта историската средба, им посака успех на своите браќа од репрезентацијата и им порача дека до последна секунда ќе биде со нив, иако вечерва нема да е на теренот.
„До овде стигнавме затоа што го заслуживме. Уште еден чекор пред големиот сон на сите нас! Нема да можам да сум на терен со вас, ама ќе навивам до крај и ве поддржувам во секоја секунда на мечот. Поддржете се еден за друг и ќе ја добиеме уште оваа. Ајде момци, сите сме со вас. Мои браќа“, напиша Енис Барди.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)




















