Балардини: Пандев е голема класа, другите мора да трчаат за него!

1085

Тренерот на Џенова, Давидe Балардини, на прес-конференцијата зборуваше за македонскиот репрезентативец Горан Пандев, поранешната ѕвезда на Интер и Лацио.

„Тој е многу добар играч во двете фази од играта, тој е паметен, секогаш знае во каква позиција се наоѓа. Тој е одличен играч, ако играме со тројца напаѓачи, сите тие ќе мора да трчаат за Пандев, бидејќи тој е оној со најмногу класа”, рече Балардини.

Џенова стартуваше со победа на домашен терен откако со 2:1 го совлада Емполи во второто коло од Серија А, а потсетување дека поради големата трагедија во Џенова се одложи стартниот меч од сезоната против Милан на „Сан Сиро”.

Нашиот интернационалец Пандев против Емполи настапи до 54. минута, а следниот предизвик на клубот ќе биде Сасуоло на гостински терен, меч кој што ќе се игра на 2. септември.

Погледнете ги сите вести од спорт