По повод државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, утре автобусите од јавниот градски превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Како што соопшти ЈСП „Скопје“, истиот режим ќе важи и в сабота и в недела.
В петок дежурни ќе бидат три билетарници, Транспортен центар со работно време од 7 до 19.30 часот, Зелено пазарче од 7 од 19.30 часот и Ѓорче Петров од 7 до 13 часот.Билетарниците в сабота ќе работат со вообичаено работно време, а в недела дежурни ќе бидат посочените три билетарници.











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)




















