Патнички авион испушти големо количество гориво над неколку училишта додека се обидувал итно да слета на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, пренесе Би-би-си.
Најмалку 60 луѓе, повеќето деца, биле хоспитализирани поради иритација на кожата и проблеми со дишењето. Како што се наведува, горивото може да се испушти при итни слетувања, но само преку одредени подрачја и на голема надморска височина, предвидуваат воздухопловните правила.
Авионот се вратил на аеродромот поради проблеми со моторот.
Сите деца и возрасни кои се третирани по инцидентот, биле поврзани со најмалку шест локални училишта. Според информациите, повредите се мали.
Во основното училиште „Парк“, на околу 26 километри источно од аеродромот, две одделенија биле надвор кога се случил инцидентот со горивото.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











