Поевтинуваат бензините и дизелот, Регулаторна го објави ценовникот

468

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,82%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 денари во однос на малопродажната цена утврдени со Одлуката од 27.01.2020 година и ќе се продава по цена од 58,00 ден/литар.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 ден. и од утре ќе се продава за 66,00 ден/литар.

ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 1,00 денар, во однос на малопродажната цена утврдени со Одлуката од 27.01.2020 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 68,50 ден/литар.