Почетна Забава Игор Џамбазов со песна вака им посака „добро утро“ на Каракачанов, Бојко...

Игор Џамбазов со песна вака им посака „добро утро“ на Каракачанов, Бојко Борисов и… „тие, другите“! (ВИДЕО)

123

Кога си роден за нешто – си роден… Некои работи не се учат ниту во училиште ниту низ животот. Едноставно со нив се раѓаш… Како талентот на пример… Инспирацијата ти ја дава секојдневието, се разбира. Оттаму ја црпиш, та било тоа секојдневие црно како темен тунел или розово како мајска роза… А и да не е, ќе се навикнеш… Човек не се’ се навикнува, па наоѓа и начин и инспрација денот самиот да си го направи розов… Или некому да му го зацрни… А, можеби и двете одеднаш? Како нашиот најпознат шоумен, блузер, актер… кој имаше нова „рунда вербални пораки“ за Бугарите… Или повеќе музички овој пат, зашто низ песна „им го свирна“ она што не сакаат да го слушаат, оти таа песна, таа вистина, всушност најмногу ги боли!

Ама не боли и нас од нивните „политичко-асимилаторски“ гнасотии, па затоа Игор Џамбазов „баш го заболе“, што Красимир или Бојко или кој и да е ќе го заболи од неговата песна. Онаа омилената на Бојко, само на нов глас… Или поточно низ нови стихови, кои Џамбаз му ги стокми, па ги опеа како утрински поздрав за челниците на источните комшии.

Со гитарата в рака, црна маска преку очите, како што „шефот на источните“ ја ставаше и очила со диоптрија  кои и црното го гледаат розово и омилената песна на „братот на Зајко“  – „Бела чао“… Само не варијатата од Митевски и Дац, туку онаа оригиналната, каква што и била и намената и пораката кога е напишана италијанската „партизанска верзија“.

Се разбира како „партизански поздрав“ за „добро утро“ на  Каракачанов, Бојко Борисов и… „тие, другите“…

„Каракачанов, Бојко Борисов,  о бела чао, бела чао, бела чао, чао, чао… Партиџано – тоа сме ние, вие сте тие, другите…“!

Слушнете како звучи утринскиот партизански поздрав на Игор Џамбазов до Бојко и Каракачанов. Баш да видиме дали овие одовде ќе му ја испратат и оваа верзија, па „шефот од комшии“ ќе ја врти како омилена во својот автомобил?