Арсовски: Последниве година дена Скопје е небезбеден град за живеење

867

Последниве година дена Скопје е небезбеден град за живеење.

Во Скопје родителите се плашат за сопствените деца затоа што насилниците, криминалот и мафијата владеат со улиците. Владеат благодарение на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека неспособноста на Оливер Спасовски, бруталното партизирање на полицијата и владината коалиција со криминалот ќе ја плаќаат граѓаните со сопствените животи. За жал, тоа и ни се случува во моментот.

Денес сме сведоци дека уште еден млад живот е изгубен. 21 годишниот Никола Саздовски им подлегна на повредите откако пред 10 дена на автобуска постојка беше избоден од тројца напаѓачи. За жал, овој случај не е ниту прв, а за жал со заштитничкиот однос на власта кон криминалот, веројатно нема да биде ниту последен.

На местото на несреќниот Никола можеше да биде било кое друго момче.

Има ли поголем апсурд за правниот систем кога против напаѓачите МВР поднесува само кривични пријави за насилство, а млади момчиња ги губат своите животи?

Почитувани,

Овде не станува збор за насилство туку како што видовме за брутално убиство.

Има ли поголем апсурд кога Владата и МВР најпрвин прикриваат, а потоа заташкуваат убиство на исто така млад човек Мартин Јанушев?

Почитувани,

Има ли поголем апсурд кога пред само неколку месеци имаше исто прободено малолетно дете на автобуската постојка Рекорд, во самиот центар на Скопје тоа беше некаде на 1-ви Март, а Министерот Спасовски и СДСМ ја лажат јавноста за професионално работење.

Криминалот секојдневно го гледаме по улиците, а младите се плашат кога излегуваат навечер за сопствениот живот. Скопје за жал стана едно криминално гето каде што родителите не знаат дали децата ќе им се вратат од град живи и здрави дома.

Стапката на криминалот во последните година дена е зголемена до плафон. Само за една година имаме случај каде што е убиен Мартин Јанушев пред својот дом, имаме убиство на младо 24 годишно момче кое што е убиено во Чаир непосредно пред својот дом, имаме прободено дете од „Комити“ на Рекорд кое се бореше за својот живот, имаме убиство во Мала Речица и уште редица многу други криминални случаеви. За жал сите овие случаеви, без конкретни разрешници, каде што сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата и ќе добијат соодветни казни за она што го сториле.

Коалицијата помеѓу СДСМ и криминалните структури е главната причина за ова што ни се случува во моментот. На слобода се пуштени 850 криминалци, а професионалците во МВР се девалвираат и прераспоредуваат за на нивните места да бидат донесени и поставени партиски послушници од страна на СДСМ.

Почитувани,

Ова лудило мора веднаш да прекине. Очигледно Оливер Спасовски е неспособен да биде на чело на МВР. Згасна животот на едно младо момче. Треба да се замислиме сите граѓани и да му погледнеме во очи на проблемот, а тоа е дека Оливер Спасовски и СДСМ не се способни да ги заштитат сите граѓани. Денес бил Никола Саздовски, утре можеби да биде нечие друго дете.

Оливер Спасовски во најмала рака мора уште веднаш да си поднесе ОСТАВКА!

Бараме да се најдат веднаш сите сторители, бараме делото да се квалификува како убиство, а не да се покрива со некакво насилство. Исто така бараме соодветна казна за сторителите на ова срамно и кукавичко дело. Ова е најмалку што може да се направи за малиот Никола Саздовски, да може да почива во мир.