Арктикот во пламен: Огромните пожари кои ги уништуваат Сибир, Аљаска и Гренланд може да се видат од вселената

924

Научниците веќе подолго време предупредуваат дека подрачјето на Арктикот се загрева двојно побрзо од остатокот на планетата Земја, а сега ситуацијата се чини дека стана алармантна после најтоплиот јуни во историјата.

Од Грендланд, преку Сибир до Аљаска, огромни пожари и густ чад ја покрија северната хемисфера на нашата планета, а штетата е огромна. Станува збор за големи пожари кои што може да се видат и од вселената.

Подрачјето на Арктикот од почетокот на јуни досега го погодија повеќе од 100 пожари, а најлошо е на подрачјето на Аљаска и Сибир каде што има најмногу пожари. Некои од пожарите се толку големи, што нивната површина изнесува неверојатни 100 илјади фудбалски терени.

Се проценува дека еден пожар кој избувнал во канадската сојузна држава Алберта бил поголем од 300 илјади фудбалски терени. Арктичките пожари само во текот на јуни произвеле 55 мегатони јаглеород диоксид, односно колку што произведува Шведска за една година.

Инаку, 55 мегатони јаглеород диоксид се испуштени во атмосферата само во јуни, додека од почетокот на годината на тоа подрачје се произведени 121 мегатони, односно толку колку што на годишно ниво произведува Белгија.

Научниците стравуваат дека овие пожари би можеле дополнително да ги забрзаат климатските промени, а пожарите испуштаат и честички на отровни гасови како што се јаглеород моноксид.

Само во Русија со пожари се зафатени 11 од 49 региони. Томас Смит, географ при Лондонската школа за економија за британските медиуми изјави дека вакви пожари не се забележани во последните 16 години, односно откако се користат сателитите на тоа подрачје.