Една од последните објави на американската агенција НАСА, објавена на нивната страна е Астрономска фотографија на денот, која е потсетник на инцидент во историјата за време на истражувањето на вселената.
“Летечка чинија од вселената падна во пустината Јута после што беше набљудувана со радар и прогонувана со хеликоптер”, пишува во описот на фотографијата, иако НАСА овде не говори за посета од вонземјани.

Чинијата, кој е полузакопана во пустината всушност е повратната капсула од леталото “Џенезис” и не беше планирано на тој начин да го опостуши копното.
Лансирана на 8 август 2001 година, мисијата “Џенезис” беше амбициозен проект на НАСА и требаше да влезе во соларниот ветер на нашата ѕвезда, да земе примероци и да ги врати на Земјата. За таа цел, леталото имаше повратна капсула со примерокот канистер, кој беше земен кога “Џенезис” помина две години во орбитата на точката Ланграж 1, едно од местата во вселената на кое гравитацијата на Земјата и Сонцето се прецизно избалансирани.

Падот предизвика голема штета, опремата беше искршена, а примероците контаминирани. За среќа, мисијата не пропадна до крај. Неколку примероци го преживеаа падот и истражувачите успеале да ја исчистат површината од опремата, а да не го загрозат соларниот материјал во нив.











![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)




