Се огласи портпаролката на Мирко Попов: „Тој е жив, не објавувајте лажни вести во медиумите, го вознемирувате неговото семејство”

275

Мирко Попов (51), еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика, во вторникот беше хоспитализиран на една од скопските клиники. Неофицијално, причината за хоспитализацијата била обилно мозочно крварење.

Во врска со сите информации и дезинформации, синоќа се огласи претставничка на Мирко Попов, Ивана Тасев, која прати информација до медиумите да не објавуваат неточни информации во врска со неговата здравствена состојба.

„Во името на семејството на Мирко Попов, како и во мое име како негов советник за односи со јавноста, најљубезно ве замолувам да не преземате статуси, односно непроверени информации, од социјалните мрежи, каде овие два дена кружат лажни вести дека Мирко Попов починал.

Земете предвид дека Попов, пред сѐ, е родител на две деца и дека ги вознемируваме нив и неговото поблиско семејство. Во овие тешки моменти за нив, ве замолувам да бидеме луѓе и да се проверуваат овие информации кои поединци ги пишуваат на социјалните мрежи“, напиша Тасев во соопштението до медиумите.