Антонија Гиговска изминатиов период престојуваше во Романија, а повод за тоа беше учеството на јубилејното 50. издание на популарниот романски фестивал „Златен елен“ кој се одржува во градот Брешов. Младата пејачка, која беше една од 18-те странски изведувачи на фестивалот, ги освои симпатиите и на публиката и на жирито, а доказ за тоа е освоеното 2. место.
Сепак, она што најмногу го привлече вниманието на македонската јавност од овој настан е заедничката фотографија со светски познатата ѕвезда Никол Шерцингер, па многумина веќе претпоставуваат дека на повидок е соработка меѓу двете талентирани дами. Имено, некогашната членка на „Пусикет долс“ била една од главните ѕвезди во ревијалниот дел на фестивалот, па изгледа дека токму нашата Антонија и била фаворит.
„Ти благодарам за поддршката и прекрасните зборови“, напиша Гиговска споделувајќи ја заедничката фотографија со славната колешка.
Дека Никол Шерцингер добро знае да препознае квалитет, доказ е и нејзиното повеќегодишно искуство како ментор и судија во британскиот „Икс фактор“, каде што до победа го доведе и фантастичниот Џејмс Артур, па се надеваме дека корисни совети и дала и на нашата Антонија.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















