Четкар во новото видео ги презентираше убавините на Охрид!

938

Владимир Четкар деновиве го претстави новиот сингл и видео со наслов „Come With Me” , кој доаѓа по минатогодишниот „Travel The World”. Како и секогаш, охридскиот музичар се потпишува како комплетен автор на новата песна, односно освен што ја изведува, тој е и продуцент, композитор, текстописец, аранжер, диригент и вокалист.

Темата е снимена целосно со жива инструментација, додека стилски содржи елементи на соул, џез, фанк, диско и поп. Интересно е тоа што иако е објавена пред само неколку дена, „Come With Me” веќе интензивно се врти на повеќе радија во Унгарија, меѓу кои и на популарното унгарско радио за џез и соул-музика „Џези 90.0 ФМ”, кое песната ја најавува како голем хит, а наскоро се очекува и радиска промоција во Аргентина, Бразил, Англија, САД, Јапонија, Тајланд, Италија, Мексико и други земји кои досега активно ја поддржувале авторската музика на Четкар.

Темата е комплетирана и со одлично видео што го изработи Борче Димоски, а кое се снимаше на повеќе локации во Охрид и ги прикажува некои од најволшебните места на Охридското Езеро, а темата е најава за новиот албум на Четкар кој треба да излезе кон почетокот на идната година.