Антиваксерска партија влезе во австрискиот парламент

60

Нова политичка партија која се противи на рестриктивните мерки против корона вирусот, неочекувано оствари успех на покраинските избори бо Австрија.

Таа влегува во парламентот со повеќе од шест отсто од гласовите, покажуваат првичните изборни резултати.

Партијата Луѓе, слободи, темелни права (МФГ), основана во февруари како одговор на одлуките за воведување мерки заради сузбивање на епидемијата, водеше кампања главно на социјалните мрежи за изборите во Горна Австрија.

Мејзините активисти не веруваат во делотворноста на вакцините и се противат на каква и да е обврска за вакцинација. Основачот на партијата подигаше тужби пред Врховниот суд за поништување на законите за кои оценува дека „ја убиваат слободата“.

Австрија постепено ги заострува здравствените пропусници кои ги воведе пролетоска. Од октомври само вакцинирани лица и оние кои го преболеле Ковид-19 же може да влезат на стадиони и во големи сали за приредби во Виена.

Невакцинирани нема да може да влезат, дури ни со негативен тест.

Анкетата покажува дека половина од невакцинираните бирачи гласале за крајно десниот ФПО а четвртина за МФГ.

Австрија, каде потполно се вакцинирани нешто повеќе од 60 отсто од населението и е една од најбогатите земји во светот, споро напредува со вакцинацијата.

Тој застој конзервативниот канцелар Себастијан Курц го припишува на поддршката што ФПО ја пружа за движењата кои се сомневаат во постоењето на короната и веруваат во теории на заговор.