Најмалку едно лице загина и девет повредени во земјотресот на Крит

502

Едно лице загина а најмлку девет се повредени после силниот земјотрес кој утрово го погоди грчкиот остров Крит. Земјотресот бил со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала.

Според тамошните медиуми, дошло до рушење на црква во местото Арклохори, и три лица биле заробени. Едно од нив, за жал, подлегнало на повредите.

Геосдинамичкиот институт на Грција, епицентарот бил регистриран на 22 километри северозападно од Арвиј.

Потресот нанесе голема материјална штета, се срушиле неколку објекти. Две лица биле заробени во урнатините.

После првиот земјотрес, 10 минути подоцна следуваа афтершокови со над 3,5 степени, а еден од нив бил со 4,6 степени.