Антителата на оздравените можно решение за Ковид-19?

87

Тестовите за антитела преку крвта станаа една од клучните алатки за борба против пандемијата. Тие ги идентификуваат антителата – протеини произведени од имунолошкиот систем – како можен одговор на Ковид-19.

Колку луѓе имале Ковид-19 без симптоми? Дали оздравените пациенти се имуни на друга инфекција? Ако е така, колку долго се имуни? Ова се само некои од прашањата што истражувачите се обидуваат да ги одговорат во Чешка, Германија и на други места, користејќи тестови на антитела од крв за да прегледаат што повеќе слоеви од населението.

Потребни се само неколку минути и капка крв – да одговорат на сè почестото прашање: “Дали добив Ковид-19 без да го знам тоа?”

Чешки волонтери за научни цели и општ интерес

Во април, илјадници Чеси волонтирале на студија што ќе им даде одговор Да или Не, а на истражувачите ќе им обезбеди вредни информации. Тестовите на крвта или серолошките тестови станаа една од клучните алатки за борба против пандемијата. Тие ги идентификуваат антителата – протеини произведени од имунолошкиот систем како одговор на Ковид-19. Различно од тестот со брис од носот, со кој се тестира за активен вирус, тестот со антитела обично покажува дека инфекцијата поминала, вклучително и таа кои предизвикала благи симптоми или воопшто немало симптоми. Значи, треба проверки по случаен избор за да се откријат скриените случаи, ширењето и ефектот.

 

No media source currently available

0:013:290:42

 Директен линк 

Антителата како војници против Ковид-19?