ВИДЕО: Опра ја пушти најавата за ексклузивното интервју со Меган и Хари

64

Молчелива или замолкната? Ова е едно од прашањата кои Опра Винфри и’ ги поставува во специјалното и интригантно интервју кое премиерно треба да се прикаже на 7.март.

Во текот на вчерашниот ден, познатата водителка Опра Винфри објави видео во форма на краток трејлер со секвенци од интервјуто.

Може да се забележи дека во дел од интервјуто, Опра разговара само со Меган, а подоцна се приклучува и принцот Хари.

Убавата трудница изледа прекрасно во црн Армани коктел фустан со везени цветови на едното рамо кој чини 4.700 долари.

Интервјуто ветува многу, особено бидејќи ова е прв пат двојката да даде интервју, по она во 2017 година, веднаш по свршувачката. Освен тоа, Опра нагласува дека ниту едно прашање не е забрането во разговорот. Додека во најавата не се слуша како Меган одговара на ниту едно прсшање, по погледот во нејзините очи може да се забележи дека се разговара за чувствителни теми, за краткиот период кога беа дел од кралското семејство и за неподносливиот живот, Хари од друга страна, се појавува со една кратка изјава: Не сакав да се повтори историјата.

,,Многу сум среќен што седам тука со тебе, со својата сопруга покрај мене. Не можам ниту да замислам како и било на неа(принцезата Дијана) да го минува сето ова сама.  За нас беше неверојатно тешко, но барем се имавме еден со друг” вели принцот.

Интервјуто е однапред снимено, а ќе се прикаже премиерно на 7. март.