Анџeлина Џоли, Пит го замени со жена – Ова е новата девојка на актерката

96

Како што пишува американскиот таблоид „Woman’s Day“, познатата холивудска актерка Анџелина Џоли е во врска со својата колешка Еван Рејчел Вуд.

„Иако таа сака приватниот живот да го задржи за себе, на неколку блиски пријатели призна дека после разводот од Бред Пит, одлучила да заврши со машкиот род“, рекол извор близок на актерката и открил дека Анџелина наводно со сегашната партнерка се запознала пред 10 години на еден настан.

Може слободно да се каже дека тоа беше љубов на прв поглед, но и двете тогаш се наоѓаа во среќни врски, па своите чувства мораа да ги потиснат. Но, на крајот сепак ги спои судбината и сега може да уживаат“, рекол изворот.