Во новото продолжение на “Mission Impossible”, Том Круз изведува опасен скок 7,6 километри

854

Славниот американски глумец Том Круз за потребите на снимањето на филмот “Mission: Impossible – Fallout” изведе опасен скок со падобран од висина на 7,6 километри.

Видеото во кое можеме да погледнеме како Том Круз се подготвува за опасниот скок над Обединетите Арапски Емирати го објави Paramount Pictures, кое исто така го сподели и Том Круз на социјалната мрежа Твитер.

Сцената која во 6-то продолжение на филмот ќе трае само неколку секунди е снимена со камера која е сместена на главата на камерманот кој скокнал неколку секунди после Том, кој всушност ја толкува улогата на Итан Хант. Тој е единствениот глумец кој за потребите на овој филм снимил таков скок.

“Halo Jump” е воена техника на скокање од авион од екстремна висина, кој се изведува со кислородна маска.

Во кино салите филмот ќе пристигне на 27 јули.