Почетна Забава Анастасија Ражнатовиќ првпат пред македонските камери проговори за својот приватен живот и...

Анастасија Ражнатовиќ првпат пред македонските камери проговори за својот приватен живот и соработката со Дарко Димитров

751

Ќерката на фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ важи за една од најпопуларните млади пејачки во регионот.

По издавањето на нејзините песни „Совршен пар“ и „Ране“, таа стана една од најслушаните пејачки.

Анастасија првпат даде интервју за македонски медиум, односно за „Екслузив“ каде што проговори за својата кариера и за својот приватен живот.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/.ЈУТУБ/1ТВ

Анастасија откри дека веќе не живее со нејзината мајка, но дека на телефон се слушаат 24/7.

Помалата Ражнатовиќ се труди да го крие својот приватен живот и од медиумите да го сокрие своето момче.

„Па, јас навистина се трудам, со сета моја сила тој дел од животот да остане приватен. Мојот партнер не сака да се експонира медиумски и јас тоа го почитувам. Јас се трудам тој дел од животот да остане приватен, но нема што да правиме кога ќе не фотографираат папараците, сепак сум јавна личност“ вели Анастасија за „Ексклузив“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/АНАСТАСИЈАРАЖНАТОВИЌ

На  прашањето со која особина партнерот ја освоил, пејачката одговори:

„Најважно ми е да е некој чесен и искрен и да има почит“ вели ќерката на Цеца.

Таа најави дека подготвуа нов албум заедно со Дарко Димитров и откри каква е соработката со него.

„Дарко ми прати неколку мелодии, но се уште сме на почеток. Се надевам дека бргу ќе завршиме бидејќи тој е многу талентиран и многу бргу работи, професионален е“ вели Анастасија за „Ексклузив“.

Целото интервју можете да го погледнете во продолжение.