Американскиот конгрес одобри средства за градење на оградата со Мексико

804

Претставничкиот дом на САД во четвртокот со 300 гласа „за“ и 128 гласа „против“ го одобри федералниот Закон за финансирање на безбедноста на границите за да спречи уште едно блокирање на американската влада. Сега законот треба да биде попишан од Трамп, пренесува „Спутник“.

Законот го помина Сенатот претходно во четвртокот. Според извештаите, мнозинството американски законодавци го одобриле новиот Закон за финансирање на граничната безбедност и другите федерални програми, вклучително и новата ограда за дел од границата меѓу САД и Мексико, но не и бараните 5,7 милијарди долари од страна на Трамп.

Претходно во четвртокот, Белата куќа потврди дека Трамп ќе го потпише новиот закон, додавајќи дека, сепак, ќе преземе извршни мерки за прогласување вонредна состојба за да добие доволно средства и да ја заврши изградбата на ѕидот на јужната граница.

Конгресменот Хоакин Кастро во изјавата од четвртокот рече дека е подготвен да воведе мерка за блокирање на секоја вонредна состојба што Трамп би ја прогласил за да го изгради својот ѕид на јужната граница.

Претседателот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, претходно изјави дека демократите ќе ги разгледаат своите опции и ќе бидат подготвени соодветно да одговорат ако Трамп продолжи со идејата за вонредна состојба, истакнувајќи дека Конгресот ќе ги брани своите уставни овластувања.

„Прогласувањето националната вонредна состојба ќе биде нелегален акт, голема злоупотреба на моќта на претседателството и очаен обид да се одвлече вниманието од фактот дека претседателот Трамп го крши своето основно ветување дека Мексико ќе го плати ѕидот”, се вели во соопштението во четвртокот.