Американците се подготвуваат за ирански удар во оваа земја: Британски командант порача дека тоа е бесмислено, па се премисли

0
262

Американските вооружени сили ја потврдија својата загриженост од можните закани кон своите војници во Ирак од силите кои што ги поддржува Иран. Поради тоа, сите американски сили се ставени на степен на висока подготвеност.

Претходно во текот на денот, британскиот командант во коалицијата предводена од САД која се бори против Исламската држава во Ирак и Сирија, порача дека не е зголемена опасноста од вооружените сили кои ги поддржува Иран.

Британскиот генерал-мајор Крис Гика се чини дека им противречеше на се посилните предупредувања од Вашингтон од каде што тврдат дека заканата од Иран по нивните сили во Ирак е сериозна.

Иранците тврдат дека САД води психолошка војна, а висок командант на иранската Револуционерна гарда, која САД неодамна ја прогласи за терористичка организација, порача дека Иран ќе возврати на било какви агресивни потези на американците.

Американската Централна команда даде појаснување после тврдењата на Гика, кој инаку е заменик командант на коалицијата за стратегија и информации.

Неодамнешната изјава на заменик командантот е спротивна на утврдените веродостојни информации со кои располагаат разузнавачките служби на САД и сојузниците во поглед на силите кои ги поддржува Иран“, изјави капетанот Бил Урбан, портпарол на Центрлната команда на американската армија.

Урбан порача дека коалицијата, која оперира и во Сирија, го има зголемено нивото на подготвеност, што често значи ниво на аларм кој се однесува на заштита на силите.

Иако Гика најпрвин беше уверен дека не постои некаква опасност од Иран, тој подоцна одби да ја потврди својата изјава на барање на новинарите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here