Тажна вест вчера ги вознемири македонските граѓани, откако од Македонскиот народен театар соопштија дека на 39-годишна возраст починал нашиот познат актер Славиша Кајевски.
Колегите од МНТ напишаа дека трагично го загубил својот живот, не откривајќи ги причините за смртта.
Неговите колеги, пријатели и почитувачи на неговиот лик и дело не можат да ја прифатат оваа загуба и со трогателни пораки се простуваат од Славиша.
„Господе зошто овој човек?! Зошто уште еден предобар човек, млад живот и преталентиран актер?! Во шок и неверување сум!!! Во солзи… Не постојат зборови да ја опишат тагата… Славиша“, напиша пејачката Елена Ристеска и го сподели видео-спотот во кој учествува и Кајевски.
„Денес нашиот Славиша Кајевски, нашиот пријател, голем актер, душа памук, секогаш спремен за забава и шеги, со кој имаме поминато многу незаборавни моменти, замина од каде што враќање нема… Почивај во мир душо убава и чиста, немаме зборови да ја искажеме нашата тага и неверување… Другарот на Алескандар со кој цело време си правете муабет за ракометот. Ќе недостигаш… Многу… На сите! Нашето семејство нема никогаш да те заборави… Ова е последен поздрав од нас, Кристина, Александар, Максим и Матео… летај душо сега. Таму е сигурно подобро…“, напиша пејачката Кристина Арнаудова.
„Замина Славиша. Го напушти светот на неправдите. Времето стана претешко. Му натежпна бесчувствителноста на околината. Го дотолчи молчењето. Вечна нека му е слава“, напиша режисерот Владимир Милчин, кој му бил професор на Кајевски.
„Каков удар сине, монструозен и подмолен шок… За мене ќе бидеш мојот син Раде од Министерка, те сакам убавецу.. Одмори се и поздрави ги другарите“, напиша актерката Весна Петрушевска.
„Ама зошто бе Славиша, зошто? Нека ти е светол патот“, напиша актерката Јелена Јованова.
„Прекината е богата кариера. Остануваат впечатливи ликови кои секогаш ќе сјаат и ќе зборуваат за една голема актерска ѕвезда. Со длабока тага, изразувам сочувство до семејството, колегите, пријателите. Нека ти е светол патот, Славиша“, порача министерката за култура, Ирена Стефоска.
„О Боже… О Боже не ми се верува… Почивај во мир Славиша“, напиша пејачката Нина Јанева.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)





![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)



