Ако некој сака да биде дел од вашиот живот, ќе биде

202

Ако некој сака да биде дел од вашиот живот, таа личност ќе направи напор да биде со вас. Ако не сака, ќе најде милион причини зошто тоа не би успеало.

Ќе ве остави да се прашувате зошто не успеале работите меѓу вас и дали би можело да биде поинаку? Дали сте можеле да направите повеќе за тоа да успее?

Не се обвинувајте за ништо. Ако некој сака да биде дел од вашиот живот, ќе биде. Едноставно е како 2 и 2.

Ако не сака, оставете ги позади себе. Нека ви недостасуваат, но не ги барајте назад. Не романтизирајте како било и како би можело да биде. Посакајте им среќа, но посакајте си и себеси. Потрудете се да ја најдете среќата. Научете да се фокусирате на луѓето кои би направиле се што е потребно за да бидат со вас, наместо тоа да наоѓаат причини зошто не можат да го направат тоа. Разликата меѓу првите и вторите е тоа што првите вистински ве сакаат.

Тие ќе ви покажат дека го сакаат тоа, ќе направат напор за вас, со нив ќе бидете спокојни. Нема да си ги поставувате оние прашања кои би ви се вртеле во глава како за оние другите.

Не се затворајте себеси кон светот. Тоа што една личност не успеала да ве сака, не значи дека никој не може да го направи тоа. Љубовта не доаѓа туку така, преку ноќ.

Сакајте, но и заминете си кога тоа е потребно.