Ако Лукашенко си замине, Путин ќе нареди инвазија на Белорусија!?

525

Републиканскиот сенатор смета дека постои голема можност Русија да интервенира во Белорусија!

Во случај белорускиот претседател Александар Лукашенко да си даде оставка од таа позиција, Русија би можела да го повтори украинското сценарио во таа земја, тврди американскиот сенатор од редовите на републиканците, Марко Рубио.

Тој на својот профил на Твитер истакна дека, судејќи според ситуацијата што преовладува деновиве во Белорусија, постои голема можност за инвазија и воена интервенција од Русија.

  • Многу е реална можност руската армија да интервенира доколку Лукашенко си поднесе оставка или не успее да го врати редот во земјата – напиша Рубио на Твитер. После тоа, во следниот твит, тој предупреди за можностите на „украинското сценарио во Белорусија“.

Ако Лукашенко ја пропушти можноста да го врати редот во земјата или ако е принуден да се повлече, има големи шанси за украинското сценарио на Путин – додаде американскиот сенатор.