Стапи на сила воената состојба во Украина, можна војна со Русија

146

Од утрово во пограничните области на Украина стапи на сила воената состојба во рок од 30 дена. Украинскиот претседател, Петро Порошенко, предупреди за можна војна со Русија.

Одлуката за воена состојба ја донесе парламентот во Киев, а е воспоставена во 10 од 27 украински региони, кои се сметаат за најподложни за евентуален руски напад.

Порошенко рече дека побарал телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, но дека немало одговор од руската страна, па ја замолил германската канцеларка, Ангела Меркел, да ургира кај рускиот претседател веднаш да ги ослободи украинските морнари и бродови. Тој порача дека ќе продолжи да се бори тоа да се оствари.

Украинскиот претседател предупреди дека неговата земја е загрозена од можна војна со Москва, со оглед дека Русија драстично го зголемила своето воено присуство на границата со Украина.

loading...