Академија Пандев стана прв мак-клуб кој самостојно ги продаде ТВ-правата!

357

Екипата на Академија Пандев на социјалните мрежи се пофали за склопениот договор со телевизиската спортска куќа „Спорт Клуб“. Во наредните три сезони, натпреварите на струмичани ексклузивно ќе се емитуваат на српските телевизиски канали.

Откако заедно со Шкендија „пандевци“ го одбија колективниот договор со „Арена Спорт“, екипата од Струмица стана прв македонски клуб кој самостојно ги продаде своите телевизиски права на една куќа. Тие се обратија преку официјално соопштение и ги потврдија новостите.

„На наше огромно задоволство објавуваме дека oд наскоро домашните натпревари на ФК Академија Пандев ќе се емитуваат во живо на регионалниот спортски телевизиски канал „Спорт Клуб“. ФК Академија Пандев е првиот фудбалски клуб во нашата држава кој самостојно ги продаде ТВ-правата на регионална телевизиска куќа. Договорот е веќе потпишан и важи за домашните куп и првенстевни натпревари за наредните три сезони, почнувајќи од тековната 2021/22, 2022/23 и 2023/24 сезона“, напишаа од Академија Пандев.

Натпреварите на Академија Пандев оваа сезона, но и во сезоните 2022/23 и 2023/24 ќе се емитуваат на „Спорт Клуб“, а договорот важи за домашните дуели во ПМФЛ и Купот на Македонија.