NBA колумна на Димитар Младеновски-Мајкл Џордан како што не го познаваме!

1064

Документарниот филм “Последниот танц”, кој ја прикажува кариерата и животот на Мајкл Џордан додека настапуваше со Чикаго Булс (со посебен осврт на неговата последна сезона како член на “биковите”), ја одушеви светската јавност.Досега се прикажани шест епизоди, во кои беа откриени многу работи кои се чуваа во тајност. Меѓутоа, највозбудливото допрва следува. Барем така тврди режисерот на овој документарец, Џејсон Хејхир. Тој во разговор со американските медиуми открива дека следните две епизоди ќе го шокираат Светот. Лично, Хејхир не верувал дека Џордан ќе дозволи следните две епизоди (седма и осма по ред) да се емитуваат. По добивањето на “зелено светло” од најголемиот на сите времиња, очигледно, ке бидеме сведоци на нови шокантни детали кој ке не остават без здив.“Следните две епизоди навистина многу ќе ве изненадат. Искрено бев шокиран кога Џордан прифати да се емитува седмата епизода. Добивме доста снимки од NBA на кои може да се види како се играше со и против Џордан. Ke бидете најблаго кажано изненадиени“, вели режисерот.

Во следната епизода Мајкл Џордан ќе биде прикажан во малку поинакво издание. На дело ке биде неговиот непредвидлив карактер како и (на моменти) “диктаторски” и понижувачки однос кон своите соиграчи. На дело ке бидат и ситуациите во кој “летачкиот” физички се пресметувал со “своите” на тренинзите на тимот. Не очекуваат големи возбудувања.

NBA FAN

Димитар Младеновски