По разговорот и проценката на мојот драг пријател Симон Капчев, ја пренесуваме следнава информација.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли потврди дека Златан Ибрахимович ќе добие нов договор со клубот. Легендарниот шведски напаѓач со месеци играше повреден но, стисна заби и со надчовечки напори успеа во својата намера да помогне на тимот во освојување на толку посакуваното скудето.
Присуството на Златан во соблекувалната и мотивациските говори кој секојдневно ги приредуваше на своите соиграчи вродија со плод. Веднаш по завршувањето на сезоната замина на операција, и сите мислеа дека нема повеќе да се врати на теренот. Како многу пати до сега, “Ибра” е повторно спремен да направи нешто кое се смета за невозможно.

Легендарниот напаѓач е решен да се рехабилитира по најновиот хируршки зафат и да се врати во вториот дел од наредната сезона. Швеѓанецот ќе добие нов едногодишен договор со клубот и ќе продолжи да игра и покрај советите на докторите дека секој физички стрес би можел значително да го оштети неговото колено, по сите повреди и трауми кој ги дожеивеа во последните две децении.
“Златан Ибрахимович замина на операција на коленото со цел да ја продолжи кариерата. Тој сака да игра и понатаму. Знаејќи го “Ибра”, тој ќе даде се од себе повторно да покаже нешто кое досега не е видено на фудбалските терени. Ова е само уште една причина младите играчи да се поклонат пред неговата работна навика и желба за успех“ – рече (тренерот на Милан) Пиоли.
Според новиот договор, Златан ќе игра и во 42-та година од животот и по активната клаузула која постои дури и да не настапи во 70% од натпреварите, сумата која ќе се договори целосно ќе му биде исплатена. Во минатата сезона постигна осум гола во 27 настапи.
Лавот (никогаш) нема намера да се предаде!
Димитар Младеновски





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)

