Селебрити судењето на векот, помеѓу Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд, доби неочекувана ѕвезда – убавата адвокатка на славниот актер.
Нејзиното име е Камила Васкез. Изминатите пет недели е ѕвезда на Интернет, а фановите на славниот актер ја обожаваат поради нејзиниот жесток настап на суд.

Камила Васкез ‘убива’ со прашања, а Амбер Херд во неколку наврати ја извадила од такт. Таа е остра, директна и фокусирана, а екипата на Интернет пишува дека одамна не виделе некој толку многу да се бори за својот клиент и за правда.
Која е таа?
Камила Васкез е адвокатка во фирмата „Brown Rudnick“. Според нејзината биографија на нивната веб страница, таа е соработничка од округот Оринџ, Калифорнија, која работи во нивното друшттво за судски спорови и арбитража.

„Нејзината сегашна практика се фокусира на тужби за клевета од страна на тужителите, со дополнително искуство во договорни спорови, деловни деликти и тужби поврзани со вработување“, стои во биографијата.

Пред да стане дел од „Brown Rudnick“, таа работела за национална компанија со седиште во Лос Анџелес. Камила потекнува од Колумбија.






![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











