Омиленото парче на Моника белучи за пролет 2022 е припиено кожно здолниште, во кое едноставно изгледа боженствено.
Овој модел можевме да го видиме на модните писти, во уличната мода, но и на насловните страници на модните списанија.
Но, веруваме дека актерката го украла шоуто со фотографијата објавена на нејзиниот Инстаграм профил. Моника на 58-годишна возраст нема на што да ѝ позавидува на нејзината ќерка, супермоделот Деви Касел. Напротив, таа не престанува да изненадува со нејзините сензуални и елегантни изданија, како овојпат во црно од глава до пети со потписот на Макс Мара.
Како да го копирате ова издание?
Ова миди здолниште не познава години, совршено е од утро до вечер, а ефектот варира од останатата комбинација. Асиметричен топ, елегантно палто, мокасини со потпетици или романтична блуза, се е дозволено доколку го следите вашиот стил. Оваа пролет можни се и топови, но и кошули кои го откриваат стомакот, како што налага сезонскиот тренд. Во тој случај, изгледот добива доза на лежерност.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















