Откако Кристијано Роналдо вчера објави дека починал еден од неговите близнаци кои ги очекуваше со девојката Џорџина Родригез, на оваа тажна вест реагираше и неговата сестра Катја Авеиро.
Катја објави колаж од фотографии на кои Роналдо и Џорџина позираат со нејзините деца.
„Ве сакам и моето срце е со вас. Бог нека се погрижи за сè и нека го зајакне вашиот пат. Нашиот ангел веќе е во крилото на таткото, а нашето девојче, силно, црвсто и полно со здравје ќе нè научи дека само љубовта е важна“, порача емотивната Катја.
„Твојата болка е и наша болка. Испраќаме љубов и сила до тебе и твоето семејство во овој момент, Кристијано“, порачале од Манчестер Јунајтед.
„Со најголема тага известуваме дека нашиот син почина. Ова е најголемата болка која родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче нè исполнува со надеж и радост. Сакаме да им се заблагодариме на докторите и медицинските сестри за сета нивна стручна помош и грижа. Сите сме скршени од тага и замолуваме за приватност во овој тежок момент“, напишаа на Инстаграм.
Инаку, Роналдо (36) веќе е татко на четири деца, од кои три му ги родиле две сурогат мајки.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















