Продожуваат активностите на Град Скопје и јавното претпријатија „Улици и патишта“ за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот, преку реконструкција на постојната и поставување на нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.
Деновиве се пуштени во употреба новите семафори со прекинувачи за најава на пешаци на крстосница на улица „Скупи“ со улицата која води кон населбата Бардовци, поставен е и нов семафорски столб на крстосница помеѓу бул. „8 Септември“ и улица „Скупи“, а на повеќе крстосници со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ се поставени бројчаници на семафорите.
Дополнително, по налог на Град Скопје, екипите на ЈП „Улици и патишта“ монтираа нови лантерни на семафорите на крстосницата бул. „Србија“ со бул. „Трета македонска бригада“, извршија санација на оштетените светлосни заштитни столпчиња по должината на улицата „Никола Карев“, а ја санираа и заштитната ограда на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“, на кружниот тек кај Католичка црква












![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Се урна српски воен авион: Црн дим и оган на местото на падот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/5yRi7-8-218x150.png)

















