Манекенката и водителка, Кели Брук, која пред неколку години ја добила титулата за најсексапилна жена на светот, била фотографирана во Лондон во интересна зимска комбинација.
Студија на Универзитетот во Тексас од 2017-та година покажа дека Кели го има она што се смета за најсовршено тело на светот.
Научниците откриле дека идеалното женско тело има висина од 1,68м., обемот на струкот и колковите е 99х63х91 сантиметри, што речиси се совпаѓа со мерките на актерката.
Низ годините Кели накачила некој килограм и била на мета на злобни коментари на социјалните мрежи, но таа со насмевка одговара:
„Имам убави и паметни луѓе што ме следат на социјалните мрежи и со кои сакам да разговарам! Нема да дозволам негативноста на неколкумина да ме спречи да објавувам“.
Неодамна оваа насмеана и харизматична манекенка била фотографирана во интересен зимски аутфит, кој е вистинска модна инспирација. Црвениот џемпер го искомбинирала со широко здолниште, а изгледот го заокружила со кожна јакна со крзно.
„Убаво, женствено и одмерено“, оцениле следбениците.
















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















