Северина и Игор Којиќ: Вљубени и модно усогласени (ФОТО)

676

Северина Којиќ дефинитивно важи за една од најдобро стилизираните дами на јавната сцена, а нејзиното влијание полека се пренесува и на нејзиниот сопруг Игор Којиќ, кој се’ почесто можеме да го видиме во се’ подобри модни комбинации. Сепак, нивното модно издание во Ровињ ги воодушеви сите, пред се’, затоа што сопружниците беа модно  усогласени.

Пејачката за оваа пригода избра црвен свилен фустан со туфни и паф-ракави, кој е моден хит, а целата комбинација ја надополни со црвени сандали и кафена чантичка со потписот на уругвајската дизајнерка Габриела Хеарст.

Црвениот фустан е креација на француски дизајнер, а во неа веќе блеснаа и Бела Хадид и Хајли Болдвин.