(ВИДЕО) Османи со последни информации за трагедијата во Бугарија

650

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за бугарски медиуми истакна дека над 40 лица се загинати во страшната несреќа што се случи во Бугарија.

„Според тоа што го знам туристичката агенција е од Скопје, и сметам дека повеќето граѓани се од Скопје“, вели Османи.

На новинарско прашање околу тоа дали знаат на која возраст се жртвите, Османи вели дека од непотврдени информации над 10 се деца, додека пак и другите лица биле млади парови кои го искористиле продолжениот викенд.