Романската манекенка Барбара Палвин денеска полни 28 години, а веќе остварила завидна кариера и го завела половина Холивуд.
Барбара важи за една од најуспешните манекенки која красела многубројни насловни страници на модните магазини и носела модни парчиња од познати дизајнери на нивните ревии.
Моментално таа е во врска со Дилан Спраус, а пред него била во врска со фудбалерот Нејмар, возачот на Формула 1 Луис Хамилтон, пејачот Ед Ширан, Џастин Бибер и секако со единствениот Леонардо Дикаприо.
„Кога имав 13 години гледав „Victoria Secret show“ и реков: Еден ден ќе бидам таму. Три или четири денови подоцна, снимав за „Victoria’s Secret PINK“ кампањата. Сега се чувствувам како да ми е судено да го правам тоа. Понудата за „Victoria’s Secret“ ја одбив во вистинско време, а сега конечно сум среќна со себе и со своето тело“, изјавила Барбара.
Пред неколку години, покрај фотографиите во бикини кои ги објавувала на социјалната мрежа Инстаграм, се нашле и навредливи коментари како „дебела и дека нема совршено тело ниту затегнат задник“.
Манекенката потоа на социјалната мрежа Твитер се огласила и напишала дека нејзиното тело повеќе не е како на 18-годишна девојка, но дека себеси никогаш не можела да се нарече дебела.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















