Заклучно до вчера попишани се вкупно 1 540 301 лице, 479.806 домаќинства и 670.988 станови.
Денеска е 23-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште три дена пописни активности.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 197 033 граѓани од дијаспората.
Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf .
Надлежните ги повикуваат граѓаните да ја исполнат својата граѓанска и законска должност и да се попишат. Апел упати и премиерот Зоран Заев, кој вчера заедно со семејството беше попишан во својот дом во Струмица.
– По 20 години, конечно нашата држава ќе добие релевантни и актуелни податоци кои понатаму ќе бидат основа за креирање на реални политики кои во целост одговараат на потребите на граѓаните. За оваа операција да биде целосно успешна останува и понатаму апелот да ги пречекате попишувачите и низ едноставна постапка и за многу кратко време секој граѓанин да го даде својот придонес и со тоа да имаме успешен попис како гаранција за сигурна и предвидлива иднина за сите нас, апелира Заев.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











