Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, упати сочувство по пожарот што избувна синоќа во Ковид болницата во Тетово.
Тој на Твитер напиша дека е исклучително погоден од веста за пожарот во болницата во Тетово, каде загинаа најмалку 14 лица.
„Ја делиме огромната болка со луѓето во Северна Македонија, подготвени сме да дадеме секаква братска помош. Во мое лично име и во име на граѓаните на Србија, изразувам сочувство до семејствата на жртвите и граѓаните на Северна Македонија, а на повредените брзо закрепнување“, напиша Вучиќ.
Изузетно ме је погодила вест о пожару у болници у Тетову. Делимо огроман бол са народом Северне Македоније, спремни да пружимо сваку братску помоћ. У своје и у име грађана Србије, изражавам саучешће породицама настрадалих и грађанима Северне Македоније, повређенима брз опоравак.
— Александар Вучић (@predsednikrs) September 9, 2021