Објавена меѓународна потерница за Мијалков

60
Кривичниот суд претпладнево добил барање од МВР за распишување меѓународна потерница за Сашо Мијалков и веднаш го одобрил.

„Заради интерес на медиумите во однос меѓунардоната потерница за обвинетиот С.М., ја информираме јавноста дека од страна на надлежното Министерство за внатрешни работи до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, предпладнево е поднесено барање за согласност од судот за распишување меѓународна потерница за обвинетиот на кој во текот на вчерашниот ден му беше определена мерка куќен притвор со 24 часовен надзор по негово пронаоѓање односно лишување од слобода.

Кривичниот совет веднаш по приемот на барањето има донесено решени за согласност за распишување меѓународан потерница од страна на МВР и истото е доставено до барателот“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Во меѓувреме потерницата за Мијалкоев е објавена и на веб страната на МВР.