„Трагедија во Северна Македонија: најмалку десет мртви во пожар во ковид-болница”, е најчестиот наслов во грчките медиуми за синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово, јави дописничката на МИА од Атина.
Медиумите во Грција, како електронските, така и телевизиите, рано утрово ја пренесуваат веста заедно со видеа и фотографии, коментирајќи дека станува збор за трагедија.
Паралелно, ги пренесуваат и објавените твитови како на премиерот Зоран Заев, така и на министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека веднаш заминале за Тетово.
Телевизијата „Скај” коментира дека пожарот во модуларната болница во Тетово избувна на денот кога земјата ја прославуваше 30-годишнината од независноста.
Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека, според министерот Филипче, десет лица ги загубија животите и додава дека медиумите во Скопје објавуваат дека бројот на жртвите е поголем.
Онлајн изданието на весникот „Прото тема” посочува дека причините за експлозијата остануваат непознати, а петмина јавни обвинители вршат истрага за трагедијата.
Како што утрово објави МИА, Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот Твитер профил изрази сочувство до семејствата на загинатите и солидарност до народот и владата на Северна Македонија.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















