Кавани му ја врати „Седумката“ на Роналдо

67

Кристијано Роналдо е најзвучниот трансфер во англиската Премиер лига ова лето. Португалецот го напушти Јувентус и се врати во Манчестер Јунајтед, а долго време се говореше кој број тој ќе го носи во тимот.

Неговата „седумка“ беше зафатена поради фактот дека Единсон Кавани ја носеше изминатата и оваа сезона. Овој број беше заштитен знак на Роналдо за време на неговиот престој на „Олд Трафорд“, па Единсон Кавани реши да направи џентлменски потег и да му ја врати.

Правилата на Премиер лигата гласат дека Роналдо може да ја носи „седумката“ само ако Кавани си оди од клубот, меѓутоа, ФА го прифати барањето на Манчестер Јунајтед, затоа што Кавани потпишал дека своеволно ја отстапува.

Роналдо ќе дебитира за Манчестер Јунајтед во следното премиерлигашко коло против Њукасл.