– Роберт Билбилов е неуморен! После одличното видео за темата „Нигде не те наоѓам“ познатиот пејач и композитор со ново музичко парче. Овојпат станува збор за синглот кој го носи името „Кој отров“, а премиерата на спотот за истиот беше вчера. На официјалниот канал на Јутјуб веќе можете да го најдете и погледнете, а тимот кој се погрижи за ова ново хитовско остварување се самиот Роберт ( музика и аранжман) и Робин Зимбаков кој го потпишува текстот.
„ Ова е проект на кој што сум особено горд и мислам дека е еден од подобрите. Текстот го напиша мојот долгогодишен пријател и соработник Робин и сигурен сум дека имаме хит во најава. „Кој отров“, како и „Нигде не те наоѓам“ се само најава за она што допрва следува, а тоа е албум, мислам дека и должам на публиката нов носач на звук, откри Билбилов.

Кадрите за видеото за снимени во Охрид, а за нив задолжен беше Даниел Јовевски кој приказната од песната ја долови визуелно на совршен начин, со помош на убавата Елена Гугоска, додека, пак, за целокупниот изглед на Елена и Роберт се погрижија Даниел Николовски, Цеце Николовска и Викторија Бурсаќ Петров.

„Тоа е таа емоција која што ја носиш, посебна е!“, „ Секоја песна емоција, како ѕвезди на небо ги редиш“, „ Совршено, делот со виолината фантазија“, „ Се што Роберт ќе скоцка е незаменливо и единствено, побогати сме за уште еден летен хит“… се само дел од коментарите од страна на фановите испишани под видеото.
Во продолжение погледнете го спотот за „Кој отров“ и доколку ви се допаѓа споделете го на социјалните мрежи. Македонската музика повторно се враќа на голема врата, Роберт и се она што го сработи изминатиов период се доказ за тоа!








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












