85-годишниот Ел Тата бил наjстарата “мазга” на Ел Чапо: Пренел повеќе од тон кокаин и заработил милиони долари, а сите пари ги дал на лилјани

386

Бил ефикасен, но заборавен, па другите шверцери некогаш морале да го чекаат на половина пат и да го спроведат до складиштата.

На судењето на Хоакин Ел Чапо Гузман било откриено дека мексиканскиот крал на наркотиците прошверцувал околу 200 тони во Америка, купил зоолошка градина и си направил воз за да може да кружи околу својот имот во Гвадалахара. Но, најголемо од сите изненадувања за инспекторите била најстарата “мазга” на светот, која за Картелот синалоа пренесувала дрога.

Лео Шарп или Ел Тата имал 85 години кога го пренел својот прв пакет за картелот. Сепак, станувало збор за кеш, а не за кокаин.

Сепак, многу брзо овој одликуван воен ветеран од Втората светска војна станал еден од најдобрите и највисоко позиционирани шверцери на кокаин.

“Мислам дека цариниците и полицајците воопшто не се сомневале во старецот”, рекол за “New York Post” адвокатот на Шарп, Дерил Голдберг.

Само во текот на 2010-та година, Шарп во САД донел повеќе од тон од белиот прашок – што е доволно 7.25 милиони луѓе да повлечат по линија.

Одгледувач на лилјани во средиштето на озлогласениот картел

Било тешко да се поверува дека овој збунет старец можел да биде една од поважните алки во ланецот на трговија со наркотици. Лео, инаку, претходно се занимавал со одгледување на лилјани, но бизнисот му пропаднал кога луѓето почнале да купуваат садници преку интернет.

Тој не знаел како да се прилагоди на дигиталниот свет, но затоа криминалот му ја отворил својата врата. Еден од неговите вработени го споил со картелот Синалоа.

Во светот на трговијата со кокаин, стариот Лео брзо се истакнал над останатите шверцери. Го исмејувале поради неговите години и фактот дека веќе бил заборавен. Го добил прекарот “Ел Тата” што на шпански значи дедо.

Понекогаш ќе се збунел кога треба да го најде складиштето, па членовите на картелот го чекале на половина пат, за да го испратат него и дрогата до целта. Неговата типична рута била од Аризона до Детроит.

Но, се воспоставило дека Ел Тата е одлична “мазга”.

“Беше успешен, бидејќи беше неочекуван. Се проценува дека за две години заработил околу милион долари и дека поголем дел од тие пари ги потрошил на фармата за лилјани во Флорида, каде се надевал дека ќе ја обнови својата стара работа со одгледување на цвеќиња”, рекол неговиот адвокат.

“Боже мој” било се што полицаецот успеал да изговори

Сепак, кога на картелот му кажал дека сака да излезе од бизнисот, му ставиле пиштол на чело.

“Му се заканувале, на него и на неговото семејство”, тврди Голдберг.

Така продолжил да пренесува до 2011-та година, кога го сопрела сообраќајната полиција, бидејќи не држел растојание од другите возила. Секако, ДЕА веќе го имала на око, бидејќи со сообраќајната полиција имало и куче дресирано да најде дрога.

Во багажникот на 87-годишниот дедо биле најдени 104 пакети кокаин.

“О мој Боже”, било се што полицаецот кој го отворил багажникот можел да изговори кога ја видел дрогата.

Иако уапсен, Лео одбил да ги предаде своите соработници. Ја прифатил целата одговорност и бил осуден на три години затвор. Поради старост и болест, отслужил само една година, кога го пуштиле на слобода од хумани причини. Починал во 2016-та година.

Неговата судбина го инспирирала Клинт Иствуд да го режира филмот “Мазга” во кој сам ќе ја игра главната улога. Филмот пред американската публика доаѓа наредниот петок.