Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) очекува значително зголемување на своите инвестиции во Македонија и во Грција, по договорот за надминување на спорот околу името, изјави потпретседателот на оваа финансиска институција Пјер Хајлброн.
– Надминувањето на спорот ќе „отклучи“ мнпогу проекти, бидејќи двете земји имаат желба својот политички успех да го претворат во конкретни инвестиции, изјави Хајлброн во рамки на регионалниот политички и бизнис форум во Блед.
Според него, како што јави АНА-МПА, надминувањето на спорот ќе го засили интересот и на други инвеститори за вложување во двете земји.
Хајлброн најави дека ЕБРД е заинтересирана за инвестирање во трансгранични проекти меѓу Македонија и Грција, пред се во сферата на енергетиката и транспортот.
Во текот на 2017 година ЕБРД инвестираше 630 милиони евра во Грција и 50 милиони евра во Македонија.
ЕБРД планира во следините три години да инвестира по 900 милиони евра годишно во проекти во земјите од Западен Балкан, првенствено во инфраструктурата.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












