Салах ја објасни својата необична прослава на голот против Челзи

85

Мохамед Салах вчера на натпреварот против Челзи постигна феноменален погодок.

Египќанецот во 53. минута упати вистинска бомба кон голот на Аризабалага кој немаше никакви шанси да го одбрани ударот на фудбалерот на Ливерпул.

„Енфилд“ по ова експлодираше, а Салах на интересен начин го прослави голот откако зазеде мирен став додека за тоа време неговите соиграчи на бурен начин го прославија неговиот гол. По натпреварот Салах беше запрашан да ја објасни својата прослава на голот.

„Не знам, тоа прво ми падна на памет, бидејќи вежбам јога“, изјави Салах кој потоа објасни како дојде до голот.

„Обично одам навнатре и шутирам со надворешната страна. Овојпат се одлучив да одам на сила бидејќи стануваше збор за голема оддалеченост“, додаде Салах.

Ливерпул во среда го игра реваншот во ЛШ против Порто, а следниот викенд во Премиер лигата игра на гости против Кардиф.

loading...