Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти, дека оваа недела ќе поразговара со претставници на приватните болници околу цените за лекување кои, според граѓаните, се многу високи.
Според Филипче, сите пациенти кои одат во приватните болници, тоа го прават по своја волја. Тој вели дека во државните здравствени установи и на клиниките се лекуваат сите кои имаат итни состојби, малигни болести и оние на кои им е потребна здравствена нега, и тоа сосема доволно и добро се прави. Се одложуваат само случаите кај кои тоа нема да предизвика влошување на здравствена состојба.
Оваа недела ќе поразговараме за цените, но тоа се цени кои ги детерминираат самите приватни болници и тоа така било отсекогаш. Никој од пациентите не е дивертиран да оди и да бара здравствена услуга за ниту една специјалност во приватните болници. Тоа не се случило. Кај нас може да се добие здравствена нега за која било патологија во сите градски болници во Скопје и во болниците низ државата. Сите пациенти кои се лекуваат во прватните болници, тоа го прават како и претходно, за друга патологија, по своја волја и ние тука нема можеме да ја спречиме волјата на пациентите да се лекуваат во приватни болници – истакна Филипче.










![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Се урна српски воен авион: Црн дим и оган на местото на падот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/5yRi7-8-218x150.png)

![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)



















