Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат на нови улици, училишта, цевководи, затворени пазари, а СДСМ и ДУИ ништо.
Во СДСМ не може да набројат ни два проекти на нивните градоначалници во изминатите сто дена, а не пак да презентираат отчет.
СДСМ и ДУИ освен што се синоним за криминал и корупција, се познати и по својата неспособност, неработење и неодговорност. Тие оставија неколку десетици милиони евра долгови во општините поради нивните матни зделки, ненаменски трошења и луксуз.
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и покрај ваквата ситуација која ја наследија и покрај сегашните опструкции од централната власт успеаа да завршат и започнат 1090 проекти,
Започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта. Точно 206 улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 км. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. Расчистени се повеќе од 200 диви депонии.
Само во Охрид во финална фаза е реконструкцијата на плоштадот Крушевска Република. Булеварот „Македонски просветители” е веќе навлезен во втора фаза од реализација, како и катната гаража која е влезена во финална фаза.
Во Битола отпочна проектот за рехабилитација, реконструкција и зградба на 23 улици, во Ресен асфалтирани се 10-тина локални патишта и улици. Во Прилеп во завршна фаза е поставувањето на новиот цевковод во должина од 3.000 метри, Општина Илинден гради ново основно училиште, а наскоро општините Кавадарци и Велес ќе добијат нови затворени градски пазари.
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека можат и умеат, со нова енергија и план, со посветена работа и визија за подобар живот на сите граѓани.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













