По денешниот координативен состанок на министерот за здравство Венко Филипче со директорите на ковид центрите, епидемиолозите анализирале дека во моментов нема потреба од воведување на нови рестриктивни мерки.
„Според анализите на епидемилозите, нема потреба од воведување на нови дополните рестирктивни мерки, односно истите не би дале резултат со оглед на тоа што се наоѓаме на крајот на активноста, на респираторниот вирус, односно на 6 до 8 недела од третиот бран. Тоа според епидемиолозите значи дека вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, но од друга страна во сите болници во државата има слободни кревети. Членовите на Комисијата за заразни болести се во секојдневна координација и комуникација и во текот на неделата ќе одржат состанок. Во текот на периодот кој следува останува да се следи ситуацијата и согласно истата доколку е потребно да се дејствува, тоа ќе се направи“, велат од Министерството за здравство.
Утре има состанок со Комисијата за заразни болести после кој и дефинитивно ќе биде познато дали ќе има нови мерки, но се очекува на сила да остане само полицискиот час од 22 до 05 часот.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











