Му требало многу време да ја преболи: Ова е единствената жена која Џорџ Клуни ја сакал пред сопругата Амал

1074

Врската со преубавата актерка за него била „најважната работа“, како што самиот признал.

Кели Престон била најубавата жена во Холивуд, додека пак Џорџ Клуни во тоа време бил еден од главните заводници. Сепак, одамна заборавена – е токму нивната љубовна приказна.

Џорџ Клуни со години е во брак со Амал Клуни, со која што ги има близнаците Александар и Ела, но и понатаму ги има оние луѓе кои што се сеќаваат на некогаш убавата врска со преубавата Кели Престон која што за Клуни била една од „најважните работи“ кои што му се случиле во животот.

Доцните 80-ти години биле турбулентни за љубовниот живот на Кели. Таа тогаш била венчана со Кевин Гејџ, но како што самата изјавила, тоа веројатно „не бил среќен брак“.

Всушност разводот следел во 1987 година, по само две години брачен живот. И, додека Кели ги полнела страниците од весниците поради нејзините улоги, но и таа во хит филмот „Twins and Space Camp“, тоа било вистинско време на ѕвездите да им се вкрстат патиштата.

Како што наведува „Mirror“, Клуни и Кели се сретнале по крахот на бракот на Кели, а тоа се случило кога нивниот агент ги повикал на иста забава.

Кели ја повикал Џорџ да се возат на мотор, а актерката признала дека била маѓепсана од неговото возење.

Набрзо потоа овој славен пат одлучил да живее заедно. Сепак, колку и да се сакале, нивната љубовна приказна сепак не траела многу долго.

По раскинувањето, Кели се забаувала со Чарли Шин со кој што во краток временски период биле верени. Подоцна се венчала со Џон Траволта, а нивната љубовна приказна долга една деценија била фасцинантна.

На Кели ѝ бил дијагностициран канцер на дојката, од што починала минатата година. Траволта тогаш во солзи објавил дека ја изгубил својата сопруга и дека му е многу тешко.