Дел од корисниците од улиците „Че Гевара“, „Македонско Косовска Бригада“ со под улици, како и улицата „Бутелски венец“ во општините Чаир и Шуто Оризари утре од 9:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 10:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Петар Ацев“ во општина Аеродром, од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во село Батинци, од 9:00 до 11:30 часот корисниците од улицата „Саса“ во во близина на училиштето во населбата Пинтија, а од 8:30 до 14:30 часот корисниците од населените места Дивље, Сушица, Чифлик, Коњари, како и фирмите Живиње КУ, Прогрес и АЛЕМ во општина Петровец.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















